Утрински Весник
Свет

Израелците се повлекоа од болницата во Газа по две недели напади: „Убивме 200 терористи“

20240401112220 Big 730x400 47.webp.webp

Израелските сили се повлекоа од болницата „Ал Шифа“ во Газа по двонеделната операција за време на која во судирите убиле палестински вооружени лица и заплениле оружје и разузнавачки документи, соопшти денеска армијата. Локалните медиуми јавуваат за големо уништување на болницата.

Се наведува дека чистењето на најголемата болница во енклавата пред војната било извршено „без повредување на цивилите, пациентите и медицинските тимови“.

Локалните медиуми јавија дека операцијата предизвикала голема штета на зградите на најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа, пренесува дпа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја опиша операцијата во неделата вечерта во болницата Ал Шифа како голем успех. Тој зборуваше за „прецизна и хируршка“ воена операција. Повеќе од 200 терористи беа убиени, а стотици се предадоа, рече Нетанјаху.

Според Израел, палестинската исламистичка организација Хамас повторно воспоставила борбени и командни пунктови во голема област на болничкиот комплекс, откако израелската армија веќе упадна во болницата во ноември.

Израел го обвинува Хамас за систематска злоупотреба на медицинските установи за воени цели. Хамас го негира ова.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата