Сили за контрола и заштита на суверенитетот на воздушниот простор на Република Србија откриле непознат авион над Ваљево, на надморска височина од 5.500 метри, соопшти Министерството за одбрана. Врз основа на наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, на должност вчера беа подигнати неколку борбени авиони МиГ-29, а ракетните единици на противвоздушната одбрана беа активирани додека радарските системи продолжија да го следат воздушниот простор. При наведувањето на српските ловци до зоната на пресретнување, целта се изгубила од радарските екрани. Ловците продолжиле со летот во насока да ја пребараат зоната, според процедурата, со цел да ја потврдат состојбата. По проверките, на дежурната борбена двојка им беше наредено да се врати на матичниот аеродром, додека останатите сили продолжиле со редовно следење и надзор на воздушниот простор.