Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Screenshot 2024 03 29 132934.png
Dik 300x250 mk

Бројот на загинати во израелските воздушни напади врз провинцијата Алепо во Сирија се искачи на 42, вклучително и шест членови на проиранската група Хезболах, соопшти денеска набљудувачката група. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека ова е најтешкиот напад на Израел врз Сирија во последните три години. Организацијата додаде дека борците на Хезболах биле убиени кога утрово ракета погодила складиште на вооружената група и центар за обука на борците лоциран во негова близина во областа Џибрин во близина на меѓународниот аеродром во Алепо. Цел на израелските бомбардирања беа и фабриките за воена индустрија во Ал Сафира, соопшти Центарот, а експлозии се слушнале и во Кафр Џум, западно од Алепо. Во обид да ги пресретнат израелските ракети беа истрелани противвоздушни ракети од силите на Дамаск. 

Можете да прочитате

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира