Утрински Весник
Македонија

Две лица од Велес признале пет дела „тешка кражба“ и завршиле во затвор

Kradec 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и Џ.Н.(31), двајцата од Велес.
Тие биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба”. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, при што признале пет дела „тешка кражба” кои ги извршиле во куќи и правни лица. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Велес на Е.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
Исто така, по преземени мерки било утврдено дека Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница