Администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје и во текот на оваа недела продолжува со реализација на акцијата за чистење на јавните површини во градот Скопје.
Во текот на вчерашниот ден акцијата се одвиваше во централното градско подрачје, на потегот од порта Македонија, улицата Македонија, сè до булеварот „Кирил и Методиј“ и Музејот на град Скопје.
Денеска административците на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги отстрануваа непрописно одложените отпадоци од јавните површини на плоштадот Филип Втори, реонот на црквата „Св.Димитрија“ и Музејот на холокаустот, како и платото пред Националната опера и балет и Македонската филхармонија. Во текот на утрешниот ден, активностите ќе продолжат на кејот „13-ти Ноември“.
Преку акцијата за чистење во којашто учествуваат административците на Претпријатието, ЈП Комунална хигиена-Скопје има за цел подигнување на свеста кај жителите на нашиот град дека секој поединец преку своето совесно однесување може значително да придонесе за одржувањето на хигиената и заштитата на животната околина.