Утрински Весник
Балкан

Изчезнато двегодишно девојче кај Бор, Србија го активираше системот „Пронајди ме“

Bor.png
Dik 300x250 mk

Двегодишната Данка Драгомировиќ исчезнала во Бањско поле, населба во источниот српски град Бор. Во потрагата се вклучија и граѓани, кои се организираа и почнаа да го бараат детето.

Како што е наведено на веб-страницата на сервисот „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.

Малото девојче сѐ уште не зборува, а побегнало од погледот на мајката додека му давала вода на синот.

Потрагата трае веќе три и пол часа, а во моментов околу 300 луѓе трагаат по девојчето.

На терен се припадници на Полициската управа во Бор, Бригадата за противпожарна и спасување, на доброволната противпожарна единица, планинари, мештани и граѓани на Бор.

Девојчето наводно било видено како оди во шумата, но нема информации каде би можела да биде.

Родителите апелираа до сите кои ќе ја видат веднаш да се јават во полиција или да се обратат на нивниот телефонски број.

Можете да прочитате

Голем пожар во Загреб – горат автомобилски гуми

Црна Гора на врвот, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија

Вонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија