Утрински Весник
Македонија

Меџити: Куќата на Османи е дивоградба, јас му ја легализирав, а Груби и неговите браќа доградија половина зграда

Screenshot 2024 03 26 121238.png

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити, во емисијата Клик Плус на ТВ21, меѓу другото за прв пат обелодени дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби, изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале. -Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво. Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани, изјави Меџити.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка