Утрински Весник
Македонија

Еве кои се носителите на СДСМ по изборни единици

Yuz yogasi instagram gonderisi.png

СДСМ денеска на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и за носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. На собирот ќе биде претставена и партиската програма за евентуално нов мандат пред гласачите.

Владеачката партија претходно на 3 март веќе одржа еден партиски конгрес на кој треба да биде официјализирана кандидатурата за втор мандат за шеф на државата на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Инаку, според информациите 24 инфо, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде носител во првата изборна единица, а како коносител ќе ја има претседателката на коалицискиот партнер ЛДП, Моника Зајкова. Први во „двојката“ ќе бидат Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, додека во третата изборна единица предводници ќе бидат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски. Носител во четвртата изборна единица ќе биде поранешниот министер за здравство, Венко Филипче со Јована Тренчевска. За петтата изборна единица се Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојческа, а во шестата изборна единица Славјанка Петровска и Агрон Демири.

Можете да прочитате

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола