Утрински Весник
Македонија

Петров: Мора да ги запалиме моторите на најјако, што побргу да станеме членка на ЕУ

Andre Petrov.jpg

Македонија нема време за губење, идната влада треба да биде проевропска, не смее да биде декларативно проевропска, туку мора задачите, кои се за брзо пристапување кон ЕУ да ги заврши веднаш, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „Трилинг”.

Петров додаде дека коалциониот потенцијал, кој го има на СДСМ е многу поголем од коалициониот потенцијал на ДПМНЕ и тоа ќе му донесе предност на изборите, како  и убедлива победа на Стево Пендаровски на вториот круг претседателски избори.

Ние мора да излеземе од овој лонец, во кој државата врие веќе триесетина години и мислам дека единствениот начин, како да излеземе е што побрзо да го завршиме пристапувањето во ЕУ, а не да се прават изговори од типот дали ќе влезеле Бугарите и Хрватите и уште некои во Уставот, кои ни малку не го оштетуваат ниту македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а на државата, на граѓаните, на младите ќе им донесат многу, нагласи Петров.

Тој истакна дека СДСМ во изминатиот период направи исчекор во однос на владите на Никола Груевски.

Реално многу се зголеми минималната плата, која беше 8.000 денари, на пензионерите им даваа по 500 денари пред избори за да бидат среќни, а сега само за едно година пензиите се покачени за 30%, но на граѓаните им треба перспектива, затоа да ги оставиме калкулациите, ајде да видиме што ќе биде утре, чекањето не носи ништо добро. Мора да ги запалиме моторите на најјако да ги ставиме во погон  сите сили и од левицата и од десницата, што побргу да станеме членка на ЕУ, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „Трилинг”.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим