Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се бара притвор за извршителката што го нападна новинарот Салиу, а потоа нападна и полицаец

1708367277 obvinitelstvo.jpeg
Img 7972

Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека во стек ги сторила кривичните дела – Спречување на службено лице во вршење  службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и Фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничената 60-годишна извршителка за Кичево најпрвин на 21 март спречила службено лице – новинар кој се обидел да сними изјава од неа во врска со нејзиното постапување по предмет на извршување. Физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот. Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува поради што јасно постои опасност од повторување на делото.

Можете да прочитате

Почина 23-годишниот Христијан Сребреновски, за кого се собираа средства за лекување

Го нападнале тројца и му го оштетиле автомобилот – Скопјанец настрадал на паркинг во Карпош

Бујар Османи најавува итни мерки во првите 100 дена: Чистење на Чаир, борба против корупцијата и решение за дивоградбите