Утрински Весник
Скопје

Пролетна дератизација во Општина Центар

Deratizacija2.jpg

Општина Центар започна со редовна пролетна дератизација на цела територија.Во наредните две недели ќе бидат опфатени и дератизирани две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести.

Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и во есенскиот период и ова е една од општите мерки што Општината ги презема за заштита на населението од заразни болести.

Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Издаден е со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.

Можете да прочитате

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад