Утрински Весник
Свет

Зеленски: Нè нападнаа со 60 дрона и 90 проектили

Zelenski434.jpg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави дека синоќа руските сили ја нападнале Украина со повеќе од 60 беспилотни летала Шахед и речиси 90 проектили од различен тип. „Во текот на ноќта имаше повеќе од 60 напади од дронови Шахед и 90 проектили од различен тип. Светот јасно ги гледа целите на руските терористи: електрани и мрежа за снабдување со електрична енергија, хидроцентрали, обични станбени згради, дури и тролејбуси. Русија се бори против животот на обичните луѓе“, напиша Зеленски и додаде дека надлежните служби веќе работат во сите градови кои биле цел на нападите, пренесува Укринформ. Зеленски рече дека никој нема да остане без помош, а во тек е воспоставување на снабдување со електрична енергија. „Харков, Запорожје, Суми, Полтава, Днепропетровск, Одеса, Хмелницки, Виница, Франковска област, насекаде се во тек активностите на надлежните служби. Руските ракети не доцнат како пакети помош за нашата земја. Шахед не е неодлучен, како некои политичари“, рече Зеленски. Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, на својот канал Телеграм објави дека во рускиот напад на Хмелницки загинале две лица, а најмалку осум се повредени. Според командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, украинските воздухопловни сили уништиле 55 руски дронови Шахед и 37 проектили.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење