Утрински Весник
Македонија

Лекар избоден со смрт пред поликиниката во Железара

Policija nokje.jpg

Безживотно тело на машко лице е пронајдено пред поликлиника во Железара. Телото пред полноќ со девет убодни рани од нож е пронајдено во автомобил. Станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел убоди со нож од кои тој починал. Телото било пронајдено од неговите синови, кои почнале да го бараат откако таткото не се вратил дома од работа, по што ја повикале полицијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите