Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Ставот на Пендаровски за законите за изградба на коридорите му траеше додека не му испорачаа нов од ДУИ и СДС- како “попче” потпиша се, иако јавноста беше против

Vmro Press.jpg

Стево Пендаровски едно зборуваше, а друго правеше цел мандат. На граѓаните им ветуваше дека постапката за изградба на коридорите ќе биде транспарентна и ќе овозможи вклученост на невладини организации во преговорите, а згора на се договорот ќе се даде на увид на јавноста. Реалноста беше тотално спротивна. Артан Груби го водеше процесот, ниту невладини вклучија, ниту пак на увид го дадоа договорот. Токму граѓанските здруженија посочија дека незаконски и неуставни се предлог измените на законите за изградба на коридорите, донесени во брза постапка, без дебата и без увид на јавноста.
Дополнително, Пендаровски говореше дека нема да потпишува закони кои ја зголемуваат работната недела на 60 часа, но во рок од неколку дена како “попче” ги потпиша измените на законите поврзани со изградбата на коридорите. Овие измени според експертите значат загрозување на работничките права, ама за Пендаровски тоа не е проблем и уште дрско им порача на сите ако сакаат нека се жалат на Уставен суд.
Ете тоа е Пендаровски. Заборави на ветената транспарентност и потребата договорот да се даде на увид на јавноста. Ставот му траеше додека од Мала Речица или од Бихаќка не му испорачаа нов. Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени!

Можете да прочитате

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“