Утрински Весник
Свет

Трамп: Забраната на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Tramp1.jpg

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека забраната за абортус по 15-та недела од бременоста му изгледа разумна.

Трамп додаде дека ќе поддржи исклучоци од таа забрана, како жртви на силување, случаи на инцест и ако животот на мајката е загрозен.

„Бројот на недели сега, луѓето се согласуваат за 15. И јас размислував на таа линија. И ние ќе дојдеме до нешто што е многу разумно… Дури и тврдокорните се согласуваат, изгледа 15 недели е бројката за која луѓето се согласуваат“, рече Трамп во интервју за радио станицата WABC.

Тој додаде дека за тоа ќе се огласи во соодветно време, а на републиканците кои се залагаат за уште построга забрана за абортус им порача:

„Има проблеми, прво треба да победиш на изборите. Во спротивно, веднаш би се вратиле таму каде што почнавте“.

Кампањата на американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше републиканците за ограничување на репродуктивните права, откако Врховниот суд, составен од тројца судии назначени од Трамп, обезбеди мнозинство за да ја поништи историската пресуда Роу против Вејд со која се признава уставното право на абортус.

По таа пресуда, републиканците воведоа порестриктивни закони за абортус во повеќе од десетина држави.

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември