Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Тренчевска: Акција за нешто што ќе остане

1 2.jpeg
300x250 opst2

По успешното спроведување на кампањата „Гласна и храбра” во 2023 година со цел подигање на свеста за важноста од добросостојба на жените и нивно економско зајакнување од страна на Министерството за труд и социјална политика, предводена од министерката Јованка Тренчевска, оваа година се спроведува продолжението на кампањата – „Гласна и храбра 2″. Овој март кампањата е со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки.

Во рамки на активностите на кампањата беа спроведувани средби со жени и посети на нивните мали бизнис иновации.

Со цел да продолжи одекот на кампањата денес во Општина Валандово дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со поддршката на градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во паркот во Село Удово беа посадени садници со зимзелени дрва.

На акцијата за пошумување беа присутни и Заменик на претседателката на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Директорка на управа за јавни приходи, Сања Лукареска.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ воведе праведен модел и ги зголеми субвенциите, сега земјоделците се понижени

Филипче од Кривогаштани: Жалосно е што во Пелагонија родот се истура по улици

14-годишното девојче кое по 22 часа на ден беше заклучено во затворот Идризово за да не се види со осуденичките е префрлено во воспитно-поравен дом каде е сама