Утрински Весник
Свет

Лагард: Јунските податоци се клучни за одлуката за каматните стапки

Legard.webp.webp

Јунските податоците ќе бидат клучни за одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за можно намалување на каматните стапки, изјави денеска претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард.

„До јуни ќе имаме нов сет на проекции кои ќе потврдат дали трендот на инфлација што го предвидовме во нашата мартовска прогноза останува на сила“, рече Лагард во говорот во Франкфурт. Таа изјави дека ЕЦБ „ќе знае малку повеќе до април и многу повеќе до јуни“ кога станува збор за потенцијалните намалувања на каматните стапки.

Според неа, банката ќе ги оцени сите три критериуми за одлуката за каматните стапки, а тоа се изгледите за инфлација, динамиката на базичната инфлација и силата на монетарната трансмисија.

Европската централна банка смета дека трендот на намалување на инфлацијата во еврозоната ќе продолжи и дека таа ќе изнесува 2,3 отсто во 2024 година и ќе падне на два отсто во 2025 година и на 1,9 отсто во 2026 година.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот