Утрински Весник
Свет

Почна истрага за здравственото досие на принцезата Кејт Мидлтон

Gg 2.jpg

Канцеларијата на британскиот комесар за информации ги истражува тврдењата дека персоналот на приватна лондонска клиника, чии услуги често ги користат членовите на кралското семејство и каде што таа беше оперирана во јануари, го прекршил правото на приватност на медицинските досиеја на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. „Дејли мирор“ тврди дека персоналот во лондонската клиника „се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја“, има „извештај за прекршување“ и се истражуваат тврдењата, објави Би-би-си. Според „Мирор“, најмалку еден член на персоналот во клиниката бил фатен како се обидува да пристапи до медицинските досиеја на Кејт. Весникот наведува дека е поведена внатрешна истрага во приватната лондонска болница, каде што во последните месеци се лекуваа принцезата од Велс и британскиот крал Чарлс Трети. Кејт беше подложена на операција на абдоменот во јануари и се повлече од јавните обврски додека закрепнува. Се надгледува спроведувањето на регулативите за заштита на податоците и слободата на информациите. Портпаролот на Кенсингтонската палата одби да ја потврди или негира информацијата велејќи дека се работи за клиниката во Лондон.

Можете да прочитате

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога

Ерупцијата на Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп