Утрински Весник
Македонија

Поднесени кандидатурите за претседател на државата

Banner Pretsedatelski.jpg

Сите седуммина кандидати за претседател на државата ги поднесоа кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). Сега се очекува ДИК да одржи седница на која треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатури, а најдоцна до 28 март треба да се утврди и редоследот на потврдените кандидати на гласачкото ливче. Вчера кандидатурите ги поднесоа Бујар Османи, Билјана Ванковска и Гордана Силјановска – Давкова, а ден претходно тоа го сторија и Стево Пендаровски, Максим Димитриевски, Стево Јакимовски и Арбен Таравари. Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а на нив ќе гласа и дијаспората од 20-тина држави во кои се пријавиле доволен број граѓани. Иселениците нема да гласаат на парламентарните избори затоа што бројот на пријавени граѓани за гласање на овие избори е далеку од потребните 5. 355 гласачи. Партиите ги утврдуваат кандидатските листи за пратеници Најголемите партии од македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавуваат активности за претстојниот викенд. СДСМ в сабота на конгрес ќе ги официјализира кандидатите за пратеници и носителите на листи, а ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, се очекува да ја промовира изборната програма.

 

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор