Утрински Весник
Македонија

Почнува пролетта со студено утро и сончев ден

Prolet 12 105806.jpg

Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента.  Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

 На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ

Малолетници нема да смеат да возат електрични тротинети, поднесени се законски измени