Нема ништо спорно во набавката на хеликоптерите и јас ја поздравувам одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која во рамките на своите надлежности има права би рекла и обврска, секогаш кога во јавноста постојат одредени сомнежи, тие колку што може да ги расчисти, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за емисијата 10 минути на Телевизија 21.
Петровска во детали го објасни целиот процес и најави дека е подготвена и таа и Министерството во целост да и помогнат на ДКСК да дојде до вистината.
Од причина, како што реков дека нема ништо спорно во оваа постапка што е спроведена согласно закон и законските постапки, јас го поздравувам ваквиот чин на ДКСК и еве и јавно кажувам дека ќе стојам на располагање и јас како министерка и Министерството за одбрана и сите документи кои ќе им помогнат во дефинирање на вистината, ќе ги доставиме и ќе бидеме достапни. Ова е постапка која е започната многу одамна, пред неколку години и тоа е согласно Законот за набавка од областа на одбраната, каде што во еден дел не важат дел од оние правила во Законот за јавни набавки, каде што се предвидува инструмент на склучување договори влада со влада и склуување на еден вид ваков договор. Оваа набавка е предвидена за плано за 2024 година. Зошто набавуваме хеликоптери? Затоа што се тие дел од прецесот на модернизација, а тој процес е впишан во долгорочниот план за развој на одбранбените способности, кој е десетгодишне план и тој веќе кога е носен е претставен во Собранието, односно пред истата оваа комисија и во тој план е предвидено е дека набавката која е започната, со фискални импликации ќе може да се предвиди во буџетот на одбраната во 2024 година и тоа е објснувањето околу тајмингот“ посочи Петровска.
Таа објасни дека италијанската компанија Леонардо е избрана заради најповолната цена, но важни биле и други параметри, како цената за одржување, обуката за ракување со леталата и слично.