Израелската армија по 12 часа ослободи неколку новинари кои биле приведени во болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа.
Канцеларијата за информирање за затворениците соопшти дека помеѓу ослободените новинари е и дописникот на Ал Џезира, Исмаил Ал-Гул.
Но во соопштението не е прецизиран бројот на ослободени новинари.
При рацијата на израелските војници во болницата Ал-Шифа запленети се телефони, компјутери и опрема за снимање.
Окупаторските сили ни ставија лисици на рацете во болницата Шифа, ни ги врзаа очите, не испрашуваа и ја уништија содржината, наведе Гул.
Израелската армија објави дека „ќе продолжи операцијата во болницата Шифа во Газа“.
– Според информациите добиени од Агенцијата за внатрешна безбедност Шин-Бет (Шабак) и Воената разузнавачка единица (Аман), членовите на Хамас, вклучително и теренските команданти, се кријат во болницата и ја користат како оперативен простор од каде ќе управуваат со терористичките операции и судири. Армијата ќе ја продолќи работата во болницата, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.