Утрински Весник
Македонија

Гест за почит: Филипче сред ноќ собрал екипа доктори и по неколкучасовна операција спасил млада самохрана мајка по преживеан мозочен удар

Ec1ee775 A376 4665 80bc 1874253a73d7.jpg

На Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ постојано се споделуваат сведоштва и искуства на пациенти кои изразуваат огромна благодарност до Филипче за неговиот ангажман и како министер за здравство, но и како врвен неврохирург секогаш подготвен да даде максимум за секој случај.
Каролина Живковиќ Калеовска во групата споделува дека во нивното семејство Венко Филипче е спасител.

„Снаата ми е самохрана мајка на една прекрасна принцеза. Внуката имаше 4 месеци кога она од тага за сопругот (мојот син) доби мозочен удар. Во таа прилика викнавме брза помош и во моментот се сетив да му ѕвонам на тогаш министер Др. Филипче, оти нè знаеше по случајот за син ми“, пишува Живковиќ Калеовска.

Таа објаснува како Филипче, во сред ноќ собрал екипа на доктори со кои веднаш ја оперирале и ја спасиле нејзината снаа.

„Од 23 часот ноќта, до 05.30 сабајлето вршеа интервенција и ја спасија. Доживотно сум му благодарна“, вели Живковиќ Калеовска во својата објава која се споделува и од други членови на групата.

Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ има повеќе од 25 илјади членови.

Можете да прочитате

Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица отворен на одреден период

Покрај топлотниот Африкански бран, во следните денови во атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок