Поминаа десетина дена откако во Охрид e oтстранeта спомен плочата од НОБ пред градбата на Димитар Влахов, чиј изведувач е компанијата Нефи ИК, во сопственост на функционерот на ДУИ Нефи Усеини, за кого ДПМНЕ тврдеше дека ќе стави крај на неговите криминали. Спомен плоча која сведочи дека во таа куќа на 26 и 27 ноември 1941 година биле осудени со смртна казна и казна затвор неколку комунисти поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор и антифашистичката определба на македонскиот народ за време на Втората светска војна, се вели во писмената реакција од ПП Левица и додаваат: -И покрај бурните реакции на Охриѓани, до денес не се огласи ниту Општина Охрид, ниту градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, со реакција и со осуда на овој вандалски чин. Кому во Охрид му пречи овој дел од македонската историја на македонскиот народ? Кому му пречи народно ослободителната борба на македонскиот народ и неговата антифашистичка определба? Зошто молчи Општина Охрид и градоначалникот на Општина Охрид во врска со овој вандализам и зошто со нивниот молк го газат достоинството на Охриѓани и достоинството нa македонскиот народ?