Утрински Весник
Балкан

Девет Срби уапсени во Хамбург за шверц на 137 килограми кокаин: со даски се обиделе да сокријат дрога вредна 14 милиони евра

Screen Shot 2019 11 16 At 10.24.16 Am.png

Девет српски државјани се уапсени во пристаништето во Хамбург откако полицијата пронашла 137 килограми кокаин скриени во даските на товарен брод.

Вредноста на запленетата дрога е проценета на 14 милиони евра, пренесува Билд.

Како што пренесува Билд, дрогата од Боливија била добро скриена со дрвени даски. Имено, шверцерите исекле 115 даски за да ги сместат пакувањата со дрога во шест комори, а планот на дилерот бил откриен при редовна контрола на царина.

Крајната дестинација била Словачка.

Можете да прочитате

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина