Утрински Весник
Свет

Путин ќе го надмине Сталин за најмногу години на власт по победата на претседателските избори во Русија

1707218894 Unnamed File.webp.webp

Досегашниот претседател на Русија Владимир Путин, во услови кога немаше вистинска конкуренција, обезбеди уште шест години на чело на Русија со освоени 87,26 отсто од гласовите од 60,01 отсто преброени ливчиња.

Според податоците објавени од Централната изборна комисија на Русија, на второ место е кандидатот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Николај Харитонов, кој според делумните резултати доби 4,18 отсто од гласовите.

Следуваат кандидатот на Партијата на Новиот народ Владислав Даванков, кој освои 3,99 отсто и кандидатот на Либерално-демократската партија на Русија Леонид Слуцки со 3,12 отсто.

Според прелиминарните податоци, одѕивот на гласачите на првите претседателски избори во Русија одржани во текот на три дена – 15, 16 и 17 март, изнесува 74,22 отсто. Во 2018 година, кога гласањето се одржа во еден ден, одѕивот на гласачите беше значително помал – 67,54 отсто. Во 2018 година, 76,69 отсто од гласачите гласаа за Владимир Путин.

Исходот значи дека Путин (71) треба да започне со нов шестгодишен мандат со кој ќе го надмине Јозеф Сталин и ќе стане најдолготрајниот руски лидер во повеќе од 200 години доколку го заврши.

Можете да прочитате

Пожарот во познатото албанско летувалиште се шири во близина на хотели и апартмани, жителите и туристите евакуирани

Најмалку 56 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во Индија, 101 лице спасено

Огромна потрага по шестгодишно девојче во Лондон