Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун му честиташе на Путин за изборната победа

Kim ong un.jpg
Dik 300x250 mk

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за победата на претседателските избори, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Новинската агенција објави дека Ким „испратил честитки“ до претседателот Путин и дека „амбасадорот на Северна Кореја во Русија, Шин Хонг-Чул, ќе ги достави честитките до руското Министерство за надворешни работи“.

Двајцата лидери ја истакнаа повеќеслојната соработка меѓу двете земји на минатогодишниот самит Северна Кореја-Русија, каде, како што јави КЦНА, ги покажаа своите блиски односи и покрај загриженоста на меѓународната заедница.

Владимир Путин вчера имаше убедлива победа на претседателските избори во Русија, освојувајќи 87,34 отсто од гласовите врз основа на 98 отсто од преброените ливчиња, со што обезбеди петти мандат на функцијата.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа