Утрински Весник
Македонија

Извештај на ЦИВИЛ од мониторингот на изборниот процес, денеска, во 11 часот

Mladi.jpg

ЦИВИЛ – Центар за слобода во понеделник, денеска, со почеток во 11 часот, ќе организира прес-конференција на која ќе ги презентира своите наоди и оценки произлезени од опсежниот мониторинг на изборниот процес во Северна Македонија.

Прес-конференцијата ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube. Прашањата може да се достават преку е-пошта или месинџер најдоцна еден час пред почетокот на настанот.

„За време на прес-конференцијата, нашите претставници ќе се осврнат на неколку клучни прашања. Ќе презентираме длабинска проценка на неодамнешните измени на Изборниот законик и нивното влијание врз севкупниот квалитет на изборниот процес. Понатаму, ќе презентираме сеопфатен извештај за дезинформации и пропагандни наративи, заедно со анализа на употребата на говор на омраза во јавните комуникации“, најавуваат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ќе издаде неколку препораки, фокусирајќи се на императивот да се зачуваат правата на гласачите и да се спречи експлоатација на деца и малолетници за политички цели.

Извор: Цивилмедиа

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова