Утрински Весник
Македонија

Тошковски ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача

3 3.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денес ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово.

За време на овие посети министерот имаше можност непосредно да се запознае со состојбата на објектите и опремата а низ разговор со полициските службеници од овие огранизациски единици се запозна со тековната работа и предизвиците со кои се соочени секојдневно.

„Објектот на полициската станица Рогачево е во лоша состојба и само благодарение на грижата на самите полициски службеници истиот се уште е во функција, а исто така и во оваа станица камерата со висок домет која е поставена за набљудување на граничната линија поради ненаправен сервис е надвор од употреба во последните 6 години. Што се однесува до ПС за ГН Маздрача, истата е една од ретките полициските станици во овој дел која е со висока кадровска пополнетост, но од друга страна се соочува со недостаток на соодветна опрема и теренски возила кои се неопходни за ефективно постапување, имајќи ја предвид непристапноста на теренот кој го покриваат.”, образложи министерот Тошковски.

Заклучокот од овие посети е дека што поскоро треба да се направи соодветна ревизија и анализа на моменталните состојби на овие полициски станици, како и да се направат сериозни инвестиции во делот на материјално-техничката опременост и соодветно распоредување на човечки ресурси, бидејќи во прашање е целокупната безбедност на граничната линија.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор