Утрински Весник
Магазин

Ѓумбирот може да спречи појава на рак и да лекува

Gumbir 1.jpg

Ѓумбирот се повеќе се третира како лек, а не како зачин, благодарение на научните студии кои ги докажуваат неговите лековити својства. Имено, истражувањата покажуваат дека соединението шогаол, што се наоѓа во него, е десет илјади пати поефикасно од медицинскиот третман на малигните клетки.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека моќта на ѓумбир се гледа и во тоа што може да го спречи и да се излекува ракот.

Лековитите својства на ѓумбирот произлегуваат од едно специјално соединение што го содржи наречено шогаол, кое е составено од 17 јаглеродни атоми.

Според најновите научни истражувања, шогаолот е десет илјади пати поефикасен од хемотерапијата. Покрај тоа што е вистински „убиец” на малигните клетки, шогаолот не ги повредува здравите клетки во телото. Вреди да се спомне дека свежиот ѓумбир содржи поголема количина шогаол отколку ѓумбирот во прав.

Предности кои исто така ги има ѓумбирот

Гадење: Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот може да помогне при гадење и повраќање, па затоа се препорачува неговата употреба при вакви состојби.

Остеоартритис: Ова е состојба која може да предизвика вкочанетост и болки во зглобовите. Докажано е дека пациентите со вакви здравствени проблеми чувствуваат помалку болка по земањето на екстракт од ѓумбир.

Болка во мускулите: земањето на само 2 грама ѓумбир дневно за 11 дена може да ја намали болката во мускулите, тврдат научните студии.

Шеќер во крвта: Ѓумбирот има моќ да го одржува нивото на шеќер во крвта на долните граници, со што пак го намалува ризикот од дијабетес.

Менструална болка: Ѓумбирот може да им помогне на женитеза време на менструалниот циклус. Истражувањата покажуваат дека земањето на само еден грам на ова растение може да ја ублажи болката во текот на циклусот.

Холестерол: Некои студии покажуваат дека ѓумбирот го намалува лошиот холестерол во организмот, т.н.р. ЛДЛ холестерол.

Мозок: Ѓумбирот е докажан борец против многу лоши состојби на мозочните функции, првенствено кај Алцхајмеровата болест.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста