Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за Прочка: Човечки е да се прости, но оние кои со години ја ограбуваат Македонија треба да знаат дека ќе има одговорност

Hristi an mickoski 1 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавнот на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес е Прочка, празник кој ја носи пораката за простување која е фундаментот на Христијанството и вербата во Бога.

Тоа е подвиг кој треба да ги победи човечките слабости, суетата, грешките кои неминовно се прават.

Во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам.

Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печелат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност.

Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина!

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал