ДСМ во изминатиот период ги покачи пензиите во просек за 6.400 денари а минималната пензија за 50%.
Знаеме дека тоа не е доволно и со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат. Нашите повозрасни граѓани заслужуваат достоинствена старост.
Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.
Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател.
Пензионерите не заслужуваат да бидат вака омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.
За жал, кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.
На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на белата палата, нов партиски послушник.
Не ни треба реприза на Иванов, не ни трева уште една деценија да изгубиме заглавени на патот кон Брисел.
Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија.
Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски.
Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад.
Линк до видео (Силјановска за пензионерите): https://youtu.be/dAnrZb4ZoPA