Утрински Весник
Спорт

Јокиќ незапирлив против Вембењама – 24info.mk

Untitled 1 7.jpg

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Сан Антонио Спарс со 117:106, на гостувањето во Остин.Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најефикасен кај победниците.

Јокиќ мечот го заврши со 31 поен, седум скока и пет асистенции.

Јокиќ одигра нешто повеќе од половина час, имаше одлични 13/19 од поле, 1/3 за три поени и ги погоди сите четири слободни фрлања.

За Денвер Џамал Мареј постигна 15 поени и 10 асистенции, а Мајкл Портер, Џастин Холидеј и Кристијан Браун постигнаа по 13 поени.

Нагетс победија на петтиот последователен натпревар, односно ја забележаа 11. победа на последните 12 натпревари.

Кај противничкиот тим најефикасен беше Џереми Сохан со 17 поени. Виктор Вембенјама постигна 17 со девет скока.

Резултати:

Шарлот – Феникс 96:107
Детроит – Мајами 95:108
Торонто – Орландо 103:113
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 112:104
Сан Антонио – Денвер 106:117
Јута – Атланта 124:122

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите