Утрински Весник
Спорт

И во лето и во зима Гризман секогаш игра во долги ракави

16999593834289.jpg

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антонан Гризман пред вчерашната ждрепка во Лигата на шампионите, откри зошто секогаш носи дрес со долги ракави.

„Кога јас бев момче и гледав фудбал, Дејвид Бекам носеше долги ракави. Многу ми се допадна неговиот стил“, изјави Французинот и додаде: „Се сеќавам дека во Реал Сосиедад не набавуваа дресови со долги ракави, морав да го прашам економот. Тој се потруди да ми набави дресови со долги ракави“.

Гризман досега со Атлетико ја освојуваше Лигата на Европа и Суперкупот на УЕФА, но неговиот сон е Лигата на шампионите.

„Никогаш не сум ја освоил шпанската лига, и покрај тоа што сум клупски рекордер, тешко е што немам титула. А Лигата на шампионите би била сон за сите“.

Кога Атлетико Мадрид во 2021 година стана шампион на Шпанија Гризман беше играч на Барселона.

„Беше многу тешко, бидејќи и Барселона беше блиску, но во исто време бев многу среќен затоа што Атлетико го заслужи тоа, а се радував и за Коке, за Симеоне, кои ми значат многу“.

За потсетување, противник на Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите е Борусија Дортмунд.

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос