Утрински Весник
Балкан

Вучиќ и Лајчак се навратиле на темите за продолжување на конструктивните разговори во Брисел

Screenshot 2024 03 15 211401.png

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва соопшти дека со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак разговарал за ситуацијата во Косово. -Ги разгледавме можностите и темите за продолжување на конструктивните разговори во Брисел, како и чекорите неопходни за напредок кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, напиша Вучиќ на Инстаграм. Тој додаде дека уште еднаш ја повикал меѓународната заедница „конкретно и решително да се вклучи во прашања од фундаментално значење за опстанокот на српскиот народ во Косово и Метохија и регионалната стабилност“. Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно денеска потврди дека Лајчак ги поканил главните преговарачи на Белград и Приштина да ги продолжат разговорите во вторник, 19 март, за одлуката на Централна банка на Косово да го укине динарот, започнати пред неколку недели.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград