Утрински Весник
Балкан

Одлуката на хрватскиот претседател е неочекувана !?

Ggg 2.jpg

„Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска најави дека ќе се кандидира за помоќната премиерска функција“, пишува Ројтерс и ја опишува како „неочекувана одлука“, додека словенечката СТА наведува дека тоа би можело значително да ја промени ситуацијата поради неговата популарност во јавноста, покажуваат анкети на јавното мислење. Изборите ќе се одржат на 17 април, најави претходно денеска Милановиќ. Милановиќ, истакнува Ројтерс, е социјалдемократ и популист чиј претседателски мандат истекува во февруари 2025 година и беше во конфликт со Пленковиќ, а неговата најава дека ќе се кандидира за премиер беше неочекувана. „Милановиќ и Пленковиќ често се расправаа за јавните и економските политики и начините за борба против пандемијата Ковид-19. Често се навредуваа и одбиваа да се сретнат“, додава Ројтерс. Словенечката новинска агенција СТА се повика на последното истражување на јавното мислење објавено пред неколку дена на хрватската телевизија РТЛ, кое покажа дека ХДЗ и натаму има најголема поддршка. Српската новинска агенција Бета објави дека дел од партиите, главно левицата и центарот, ја поздравиле одлуката на Милановиќ да учествува на изборите на кои ќе му се спротивстави на актуелниот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ и дека Милановиќ бил главен критичар на Пленковиќ во текот на целиот свој мандат. Многу аналитичари уште во првите реакции посочија дека Милановиќ ризикува, но и дека и дава ветер во грбот на опозицијата која речиси и да немаше никакви шанси на парламентарните избори. Некои го критикуваат затоа што сметаат дека прво требало да се повлече од функцијата претседател, истакнува Бета.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk