Утрински Весник
Спорт

Пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити во ЛШ стана традиција

Pep gvardiola 123.jpg

Ждрепката за четвртфиналните двојки во фудбалската Лига на шампионите ги намери еден наспроти друг најтрофејниот со 14 шампионски титули во елитното клупско натпреаврување, шпанскиот Реал Мадрид и актуелниот европски и англиски првак Манчестер сити. На другиоте три средби ќе се соочат францускиот ПСЖ и шпанскиот актуелен првак Барселона, англискиот премиерлигашки лидер Арсенал со бундеслигашот Баерн Минхен, а вториот мадридски претставник Атлетико со Борусија Дортмунд.

Првите натпревари од четвртфиналето во ЛШ ќе се одиграат на 9 и 10 април, а реванш средбите се една седмица подоцна. Во последните пет години Реал Мадрид и Манчестер сити четирипати се среќаваат во Лигата на шампионите, а трипати во последните три години. -Немаме друга опција. Ова изгледа како традиција, три години по ред играме со „кралевите“ на натпреварувањето. Се надеваме дека ќе бидеме во добра форма. Ждрепката не можеме да ја контролираме. Вториот меч го играме дома – порача Пеп Гвардиола шпанскит стратег на клупата кај Манчестер сити.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја