Утрински Весник
Свет

ОН: Русите му ги кршeле коските и забите на украински војник, морал да направи 36 операции

Ukrajinskizarobljenici Novorosinform 650x383 1.png

Украински војници биле мачени во руско заробеништво со месеци, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен денеска, кој опишува екстремно ниво на страдање. Злоупотребата е „страшна“, систематска и широко распространета, објави Истражната комисија на Советот за човекови права на ОН за Украина во Женева.

Воените затвореници редовно биле жестоко тепани и мачени со електрошокови, понекогаш и на гениталиите, се наведува во извештајот. Извештајот содржи опис на човек чиј кокцикс, клучна коска и заби биле скршени во заробеништво. Тој им рекол и на претставниците на ОН дека го претепале толку многу што искрварил од анусот.

Во очај мажот се обидел да се самоубие. Откако беше ослободен, мораше да направи 36 операции. Според извештајот, воените заробеници биле држени меѓу 9 и 15 месеци во Русија и на украинска територија.

Опишани се и сексуални злосторства

„Извештаите на жртвите откриваат безмилосно, брутално постапување кое им предизвикало силна болка и страдање речиси во текот на целиот период на притвор, со очигледно непочитување на човечкото достоинство, што предизвикало долготрајна физичка и психолошка траума“, се наведува во него.

Жртвите опишале дека страдале длабоко од глад, прибегнале кон јадење црви, сапун, хартија и остатоци од храна за кучиња, што предизвикало ненадеен пад на телесната тежина, се вели во извештајот. Комисијата соопшти дека тортурата што ја извршиле припадници на руската војска и затворските службеници е воено злосторство.

Во извештајот се опишуваат и тортура и сексуални злосторства врз украински цивили. Во еден случај, 42-годишна трудница и 17-годишната девојка на нејзиниот син биле силувани од двајца руски војници. Комисијата, исто така, го категоризираше тековното гранатирање на цивилни згради и убиствата на цивили во Украина од страна на руската војска како кршење на меѓународното хуманитарно право.

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани