Утрински Весник
Свет

Припадници на украинските диверзантски и извидувачки сили се обидуваат да се пробијат во областа Курск

20240315120504 big 730x400 4.webp.webp

Припадници на украинските диверзантски и извидувачки сили се обидуваат да се пробијат во областа Курск, а борбата со руската гарда, разузнавачките и безбедносните сили (ФСБ) и воениот персонал е во тек, објави руската гарда на платформата Телеграм.

„Единиците на руската гарда учествуваат во одбивањето на непријателските напади во близина на селото Тјоткино, во областа Курск“, се наведува во објавата.

Гувернерот на регионот Роман Старовојт пријавил обид за инфилтрација на диверзанти околу 11:45 часот по московско време.

Тој ги повика жителите да бидат внимателни и во специјалните служби да пријават сомнителни лица, напуштени предмети и дронови. 

Можете да прочитате

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции