Утрински Весник
Свет

Брод со 200 тони помош стигна до Газа

21 Brod.jpg

Брод со речиси 200 тони храна од Кипар до Газа стигна денеска до бреговите на таа палестинска енклава, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Брод во сопственост на шпанската невладина организација „Отворени раце“ исплови од пристаништето Ларнака, како дел од тестирањето на новиот поморски коридор за директна испорака на помош во Појасот Газа.

Мисијата, која најмногу ја финансираат Обединетите Арапски Емирати, ја организира американската невладина организација „World Central Kitchen“, додека шпанската невладина организација „Open Arms“ го обезбедува бродот, пренесува Ројтерс.

Втората пратка со помош ќе биде испратена од Кипар во Газа во наредните денови, рече кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, додавајќи дека Кипар може да игра сè поголема улога во доставувањето помош за Газа по море.

Хуманитарните организации имаат намера да достават помош директно до Газа, која е под блокада од почетокот на израелската офанзива како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење