Утрински Весник
Спорт

Тимот на МЗТ Скопје нападнат од неканети гости на полувремето во соблекувалната во Чаир !?

Cair Mzt 696x391 1.gif

Инцидент кој се случил на полувремето е причина за недоиграниот натпревар од 20. коло во кошаркарското првенство на Македонија меѓу Чаир и МЗТ Скопје. Неканети насилници дошле во соблекувалната на шампионот МЗТ Скопје и физички ги нападнале членовите на стручниот штаб и играчите, кои на полувремето имаа минимална предност (44:42).

Според она што се прераскажува од таборот на МЗТ Скопје што се случувало во соблекувалната напаѓачите првично се нафрлиле на тренерот Васко Атанасов, но за среќа го промашиле, но настрадал еден од неговите помошници, кој добил удар во лицето. Насилниците потоа тргнале да се пресметаат со кошаркарите, кои веднаш се организирле и успеале да ги отстранат од соблекувалната каде што потоа се затвориле од страв за сопствената безбедност. По ваквиот инцидент тимот на МЗТ Скопје ги информирал службените лица дека нема да излезе да го доигра второто полувреме. Судиите и делегатот се уште биле на теренот и не забележале што се случило во соблеклувалната. Ова дополнително ја отежнува работата на надлежните во КФСМ каде ќе продолжи овој натпревар, ама со расветлувањето на целата ситуација.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига