Утрински Весник
Свет

ЕУ отвора канцеларија во Гренланд во потрага по критични суровини

Grenland 26 10 2020.jpg

Во обид да го зајакне своето партнерство со Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа, Европската комисија ќе ја отвори својата канцеларија на автономната данска територија во петок, на 15 март.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со данската премиерка, Мете Фредериксен, ден по посетата на Фарските Острови ќе ја отворат канцеларијата на ЕК во главниот град на Гренланд, Нук.

Гренланд и Фарските Острови не се дел од ЕУ, туку се автономни региони на Данска, членка на Унијата.

Поради топењето на мразот на Арктикот, побарувачката за материјали што се користат за развој на зелени технологии и конкуренцијата од Кина, Гренланд станува се поважен за Брисел.

Се верува дека најголемиот остров на светот има 25 од 34 ретки материјали потребни за транзиција кон чиста енергија.

Во ноември минатата година, ЕУ и Гренланд потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за развој на одржливи синџири за снабдување со суровини

Специјалниот советник на Фон дер Лајен за трговија и меѓународни партнерства, Томас Бурт, изјави дека Гренланд има многу суровини, како што се ретки земјени елементи и метали, кои на Унијата и се потребни за зелена транзиција, пишува Гардијан.

„Ни недостига пристап до некои од тие материјали. Значи, исклучително е важно да имаме партнери кои можат да ги обработуваат, произведуваат и минираат тие критични суровини“, рече Берт.

Тој додаде дека пристапот до ЕУ подразбира „целосна почит“ кон земјата партнер, така што сите имаат корист.

Берт рече дека Гренланд има огромен потенцијал, но дека тие се уште се во рана фаза кога станува збор за истражување и потребните инвестиции.

Посетата на Фон дер Лајен, рече Берт, треба да се сфати како геополитичка, со порака до Гренланд дека, иако не е дел од ЕУ, тој е дел од Европа.

Министерката за економија, трговија и суровини на Гренланд, Наја Натаниелсен, рече дека новата канцеларија на ЕК ќе служи како „локална платформа за трансатлантска соработка меѓу ЕУ и Гренланд и дополнително ќе се надоврзува на веќе постоечките и развиени односи кои траат со децении“.

Договорот за минерални суровини е од заеднички интерес, рече Натаниелсен, додавајќи дека на Гренланд му е потребна билатерална соработка за развој на секторот, за што е потребен значителен капитал и долгорочни инвестиции.

„Ако западниот свет сака одржливи разновидни безбедни синџири на снабдување, некои од тие минерали ќе мора да доаѓаат од помали земји, како Гренланд“. Немаме економска сила сами да инвестираме во секторот за минерални суровини“, рече Натаниелсен.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење