Вонредните парламентарни избори ќе се одржат во Каталонија на 12 мај, откако предлог-буџетот на сепаратистичката влада беше одбиен во регионалниот парламент, објави во средата каталонскиот премиер Пере Арагонес.
Во средата 68 од 135 пратеници го одбија неговиот предлог буџет за 2024 година.
„Ова одбивање е неодговорно бидејќи ова беше најдарежливата пресметка досега“, рече Арагонес. „Ветото на него нема да и наштети на оваа влада туку на граѓаните“, додаде тој.
Изборите во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители на североистокот на Шпанија, беа објавени во февруари 2025 година, кога и завршува мандатот на сегашната влада.
„На 12 мај Каталонците ќе гласаат за одговорност или неодговорност“, рече Арагонес, чија каталонска републиканска левица (ЕРЦ) има малцинска влада.
Каталонците на тој начин ќе излезат на гласање еден месец пред изборите за Европскиот парламент.
ЕРЦ на Арагонес е сојузник на левичарската шпанска влада на премиерот Педро Санчез.