Големите африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и во Гана кои преработуваат какао се затвораат бидејќи не можат да си дозволат да го купат суровото растение во форма на грав, велат трговски извори.
Тоа значи дека чоколадите, чии производители веќе ги зголемија цените за потрошувачите, најверојатно ќе поскапат во светот.
Како што информираат од агенцијата, ваквата состојба настанала по три години лоши жетви на какао, а четврта се очекува во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на ова растение.
Какаото е повеќе од двојно поскапено во текот на изминатата година, па производителите на чоколади не можат да си го дозволат тоа и се потпираат на преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и пијалак, кои ќе можат да ги користат за правење чоколадо.
Преработувачите, како што е една од најголемите државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, истакнуваат дека не можат да купат зрна поради високата цена. Според изворите, повеќе големи државни фабрики наскоро би можеле да бидат затворени во Брегот на Слоновата Коска, каде што се наоѓа речиси половина од светското производство на какао.
Повеќето од осумте фабрики на вториот по големина производител во Гана, вклучително и државната компанија за преработка, постојано ја стопираа работата со недели од почетокот на сезоната во октомври.