Утрински Весник
Македонија

Големи се штетите од пожарот во Градскиот пазар во Охрид, пазарџиите преместени во пасажот на објектот

20240314092658 Big 730x400 76.webp.webp

Големи се штетите настанати од пожарот што во неделата рано изутрината избувна во угостителски објект на приземјето на зградата на Градскиот пазар во Охрид.

Во пожарот не само што целосно изгоре дуќанот во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи, туку пламенот се прошири на врз неколку од апартманите сместени во горниот дел на објектот.

Веднаш откако пожарот беше изгаснат, се стапи кон отстранувње на последиците од пожарот, расчистување на објектот од опожарените остатоци.

Поради несоодветни услови, пазарџиите и дел од тезгите од затворениот дел на објектот се преместени во пасажот, каде и ќе работат сѐ до нормализирањето на ситуацијата и повторна функционалност на објектот.

Според сегашната ситуација, ќе бидат потребни најмалку месец дена за да се врати функционирањето на пазарот во некаква нормала.

Инаку, пожарот избувна на 10 овој месец, некаде по 3 часот по полноќ. Пламенот е локализиран по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, а причините за пожарот ќе ги утврди истрагата и извршениот увид на лице место.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија