Утрински Весник
Балкан
Img 7972

(Видео) Маж со два ножеви во рацете се заканувал во центарот на Љубљана

Screenshot 2024 03 13 210402.png
Dik 300x250 mk

Во центарот на Љубљана, полицајци на специјалната единица онеспособиле маж кој во рацете имал два ножа. Според информации на порталот „24ур“, полицијата со електрошокер се обидела да го онеспособи младиот човек, но безуспешно.

Пријавата ја добиле околу 15 часот и по пристигнувањето ја опколиле областа.

„Бараме никој да не се доближува до местото на интервенција и строго да се следат упатствата на полициските службеници“, предупредиле во моментот на инцидентот од полициската управа Љубљана.

Мажот со ножеви ги нападнал полицајците, ги турнал и им се заканил. Човекот на крајот бил онеспособен од специјалната единица и однесен со брза помош.

Поради инцидентот, отежнат бил и патничкиот сообраќај во Љубљана, неколку лица биле принудени да останат во автобусите. Освен тоа, луѓето кои работеле во околните згради не можеле долго време да ги напуштат своите работни места.

Можете да прочитате

Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија

Инцидент во Хрватска: Се туркале двајца тинејџери, наставнички на едниот му го спасувале животот

Турската централна банка нема да издава поголеми банкноти и покрај инфлацијата