Утрински Весник
Економија

Битиќи: Дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени

Biti I.jpg

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува дека веќе е создаден ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава.

-Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ, рече Битиќи на новинарско прашање.

Државниот пазарен инспекторат,  потсети, прави надзор и инспекции, кога ќе воочи недоследности што се спротивни на законските одредби соодветно постапува и веќе се издадени две глоби на два супермаркета.

-Навистина сакавме да укажеме дека во тешки времиња Владата ќе донесе мерки дури и кога се спротивни на принципите на пазарна економија, но сметам дека е дојдено време затоа што сите ја научивме лекција дека заеднички треба да се бориме против сите феномени во криза и дека сме доблесни да правиме и бизнис и да креираме политики и мерки на начин како што прилега на европска земја, изјави Битиќи, по посета на домашна компанија корисник на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија