Утрински Весник
Балкан

Османи: Прашањето за динарот ќе се реши во соработка со сојузниците

Vjosa Osmani 1.jpg

Претседателката на привремените институции на Приштина, Вјоса Османи денеска изјави дека прашањето за динарот ќе се реши во соработка со сојузниците.

Таа го изјави ова на прес-конференција, по средбата со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и во врска со уредбата за забрана на динари на таканаречената Централна банка на Косово, пренесува Коха.

Османи рече и дека очекува во предвидениот рок да заврши процесот за смена на таканаречените градоначалници на северот на Република Косово, пренесува Економија онлајн.

„Процесот на смена на градоначалниците на четири општини од северот на Косово се одвива во согласност со процедурите утврдени со закон и административни упатства за да можат граѓаните од северните општини да го остварат своето право загарантирано со законот за локална самоуправа. Очекуваме овој процес да се одвива во рамките на уставните и законските параметри и во дадените рокови“, рече Османи.

Изборите за смена на градоначалниците Албанци во четири општини со српско мнозинство – Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток се закажани за 21 април, по граѓанска петиција.

Таканаречените градоначалници беа избрани во април 2023 година на избори на кои излегоа само околу 3,5 отсто од вкупно запишаните 45.950 гласачи, кога гласаа само 13 Срби.

Оттогаш, албанските градоначалници се на чело на четири општини на северот на Косово, каде Србите сочинуваат 95 отсто од населението.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата