Утрински Весник
Балкан
Img 7972

Грчката фрегата во Црвеното море интервенирала против две беспилотни летала

20240313093634 big 730x400 90.webp.webp
Img 7972

Грчката фрегата „Идра“, дел од европската операција во Црвеното море, утрово отворила оган и интервенирала против две беспилотни летала (UAVs), што биле упатени кон трговски брод, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил во Аденскиот Залив, а фрегатата реагирала согласно правилата и протоколите.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, беспилотните летала, веројатно од Хутите, му се заканиле на трговски брод, а фрегатата што била во конкретната област, интервенирала и отворила оган со цел да го заштити бродот, по што беспилотните летала се повлекле и се оддалечиле, а „Идра“ без проблеми ја продолжува својата мисија.

Фрегатата „Идра“ на грчката воена морнарица од понеделник е во Аденскиот залив, во рамки на европската операција „Аспидес“ („Штитови“) за заштита на меѓународната пловидба во Црвеното море, а денешниот инцидент беше прв во кој беше интервенираше.

Можете да прочитате

Хрватска се понуди да ја купи Нафтената индустрија на Србија

САД воведоа санкции за НИС, Банките ќе мора да ги прекинат сите трансакции со таа српска компанија, предупредува професор по економија

„Сонуваат Отоманска империја!“ Вучиќ осудува ново турско оружје за Приштина