Утрински Весник
Балкан

Српската кралица на естрадната автомафија оди во затвор

Tatjana miokovic 1.jpg

Кумата на Лепа Брена, Татјана Миоковиќ, е осудена на две години и два месеца затвор во судот во Белград, дознава „Блиц“. Таа во обвинението се товареше дека заедно со невенчаниот сопруг Зоран Јанковиќ и уште шестмина обвинети учествувала во трговија со скапи автомобили, кои биле украдени во странство.

Како што дознава „Блиц“, покрај затворската казна, таа треба да плати и 300.000 динари, а нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ е осуден на шест години и шест месеци затвор, како и глоба од еден милион динари.

Како што потсетува „Блиц“, Миоковиќ и нејзиниот невенчан сопруг беа уапсени во 2015 година во голема меѓународна акција на српската, унгарската и словачката полиција под сомнение дека тие како членови на организирана, меѓународна криминална група биле вклучени во кражба и продажба на возила од висока класа, како и фалсификување комплетна документација.

Тогаш биле запленети 39 луксузни автомобили со погрешно напишани броеви на моторот и шасијата. Миоковиќ, која ја нарекуваа кралица на естрадната автомобилска мафија, изјави дека нема врска со купување и препродавање автомобили, туку дека го сакала истото „бмв“, кое го има пејачката Гоца Божиновска.

Можете да прочитате

Тинејџерка нападна со нож ученички во училиште во Истанбул

Дронови погодија два брода кај Бугарија, едниот потона

Патник кажал „бомба“, евакуиран авион на „Ер Србија“